ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЗНМ: Да се казни лицето што ѝ се закани на новинарката Мери Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“.

„Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот. Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, оттаму ги повикуваме институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува“, велат од ЗНМ.

Здружението на новинарите на Македонија неодамна предупреди дека во пресрет на изборите заканите кон новинарите и медиумските работници има тенденција да зачестуваат. Од таму потсетуваат дека заканите кон новинарите и медиумските работници претставуваат кривично дело и обид за цензура во медиумите.

ЗНМ аплира и до политичките партии најостро да ги осудат заканите, во пресрет на изборите да демонстрираат коректен јавен однос кон новинарите и да укажат на своите членови дека нападите и заканите кон новинарите претставуваат кривични дела и за истите се одговара.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.