ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Зеќири сведочеше против Рашковски: Владата не донела одлука за набавка на спорните софтвери

Двајцата поранешни секретари на владата кои се осомничени за криминал се соочија во судница. Мухамед Зекири како осомничен за незаконска јавна набавка, денеска сведочеше во предметот против неговиот претходник, Драги Рашковски кој одговара за набавка на компјутерска програма за мерење брзина во сообраќајот.

За софтверот на својот претходник, Зекири, дознал откако обвинителството отворило истрага.. Направил вонреден попис па дознал дека дел од опремата се наоѓала во поранешната фабрика, „Стаклара“. Посочи дека софтверот на Рашковски, никогаш не бил тема на владина седница додека тој бил генерален секретар, ама и не му било познато дека Владата може да казнува возачи. Таква опрема се купува само ако побараат надлежните, објаснуваше Зекири.

„Набавка на компјутерски софтвер за друга институција се прави по барање на таа институција. Се носи одлука на Влада за набавката и следи предавање на опремата на институцијата“… изјави во судницата, Мухамед Зекири..

Со бројни прашања и читајќи закони, Рашковски се обидуваше да го убеди судот дека се неточни изјавите на неговиот наследник Зекири. Го обвини дека без проверка ја потпишал завршната сметка во која се наоѓала и набавката на софтверот.

Исказот на Зекири, според обвинителството, ја потврдила вината на Рашковски.

„Ова е почетниот момент. Воопшто, системот не е доставен, не е имплементиран. Едниот е доставен, софтверот за одредување брзина на возилата и изрекување на казни, дека не е ставен во функција, а за системот за биометриска идентификација, дека не е воопшто доставен. Ако тоа било набавено и ставено во функција, тогаш ќе знаел сведокот како следен Генерален секретар“, изјави Ивана Трајчева, Јавен обвинител.

Рашковски е обвинет дека со владини пари купил софтвер кој сам го патентирал, а вработил и хонорарци чии плати завршувале во негови раце. За нив, Зекири рече дека лично Рашковски го замолил да им се продолжат договорите, бидејќи му биле потребни за неговите ангажмани во владата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.