ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Зеленски бара Русија да биде прогласена за терористичка држава по нападот во Кременчук

Спасувачките служби во Кременчук, продолжуваат да ги пребаруваат изгорените остатоци од бомбардираниот трговски центар во овој украински град, трагајќи по нови жртви на рускиот ракетен напад во кој беа убиени најмалку 18 луѓе а повеќе десетици се повредени.

Стравувањата се дека конечниот смртоносен биланс ќе биде драстично поголем, откако регионалниот гувернер Дмитро Лунин, изјави дека 36 луѓе засега се водат како изчезнати, додека службите за итна помош пријавија дека во нападот се ранети повеќе од 60 луѓе.

„СИТУАЦИЈАТА ВО КРЕМЕНЧУК УТРИНАВА Е СЛЕДНА: НА 58 ЛУЃЕ ИМ БЕШЕ ПРУЖЕНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, 25 БЕА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО МЕДИЦИНСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КРЕМЕНЧУК. ЗА ЖАЛ, ИМАМЕ 18 МРТВИ, САКАМ ДА ИЗРАЗАМ СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА И НИВНИТЕ БЛИСКИ. ПРОДОЛЖУВА РАБОТАТА ЗА УРИВАЊЕ НА КОНСТРУКЦИЈАТА. ОГАНОТ Е РЕЧИСИ ИЗГАСНАТ“ – ИЗЈАВИ ДМИТРО ЛУНИН.

Снимките од дрон на местото на нападот ја покажуваат огромната штета во трговскиот центар уништен од проектили истрелани од руски бомбардери.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека голем дел од повеќе од 1000 посетители и работници кои биле во трговскиот центар успеале да побегнат, откако биле активирани сирените кои предупредуваат за опасност од нов напад.

Ова е еден од најдрските терористички напади во Европската историја, вели Зеленски, додавајќи дека истото им го кажал и на лидерите на 7-те најбогати земји во светот, од кои бара Русија да биде прогласена за терористичка држава.

„РУСКАТА ДРЖАВА СТАНА НАЈГОЛЕМАТА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО СВЕТОТ. ТОА Е ФАКТ. ТОА МОРА ДА БИДЕ И ЛЕГАЛЕН ФАКТ. СЕКОЈ ВО СВЕТОТ ТРЕБА ДА ЗНАЕ ДЕКА КУПУВАЊЕТО ИЛИ ТРАНСПОРТИРАЊЕТО НА РУСКАТА НАФТА, ОДРЖУВАЊЕТО ВРСКИ СО РУСКИТЕ БАНКИ, ПЛАЌАЊЕТО ДАНОЦИ И ТАКСИ НА РУСКАТА ДРЖАВА Е ИСТО КАКО ДАВАЊЕТО ПАРИ НА ТЕРОРИСТИТЕ“ – ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ.

На барање на Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации, денеска ќе одржи вонредна седница во Њујорк на која ќе биде разговарано за нападот врз трговскиот центар.

Ракетниот напад се случил откако Западните лидери ветија продолжување на помошта за Украина а 7-те светски најголеми економии подготвија нови санкции против Русија, вклучувајќи и ограничување на цената на нафтата.

Од Русија засега нема официјална реакција, но на социјалната мрежа Телеграм се појавија информации дека Украинците самите го извршиле нападот пред НАТО самитот во Мадрид, додека има и шпекулации дека станува збор за лажна провокација од типот на масакрот на цивилите во Буча.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.