Здравствената состојба на Борис Џонсон се подобрува
Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се подобрува, објави Би -би-си повикувајќи се на извори во британската влада.
„Работите за него одат на подобро“,
изјави денеска британскиот министер за култура Оливер Довден истакнувајќи дека Џонсон е во добра здравствена состојба и комуницира со медицинскиот персонал.
Џонсон (55) во неделата беше хоспитализиран , десет дена откако неговиот тест за ковид-19 се покажа позитивен. Следниот ден беше префрлен на интензивна нега поради влошување на состојбата, по што доби и кислород а потоа започнаа шпекулациите за неговата здравствена состојба.
Даунинг стрит вчера демантираше дека Џонсон е на респиратор и објави дека состојбата му е клинички стабилна.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: