ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

За шест месеци вратени 206,5 милиони евра ДДВ

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе, соопшти денеска Министерството за финансии. Оттаму додаваат дека ова е највисок поврат на ДДВ за овој период, споредено со изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид корона-кризата.

„Споредбено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за високи 44%“, соопшти Министерство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.