ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

За МВР бројот на исчезнати лица не е загрижувачки

Иако МВР вели дека бројот на исчезнати е намален, нивните официјални извештаи покажуваат дека во последните пет години на ниво на земјата секој ден се губи по едно лице. Според полициските статистики од 2014 до 2018 година во Македонија како исчезнати регистрирани се вкупно 2008 луѓе, од кои 1876 биле пронајдени живи или мртви. За 132 лица се уште се трага, а полицијата вели дека успеале да расветлат 94% од овие постапки.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ:

Во 2014 година, од 574 исчезнати, 554 лица биле пронајдени, додека за 20 се трага.

Во 2015 година, од 413 исчезнати, 395 лица биле пронајдени, додека за 18 се трага.

Во 2016 година, од 234 исчезнати, 205 лица биле пронајдени, додека за 29 се трага.

Во 2017 година, од вкупно 417 исчезнати, 349 лица биле пронајдени, додека за 68 се трага.

Во 2018 година, од 370 исчезнати, 373 лица биле пронајдени, однсоно сите се пронајдени плус тројца кои претходно изчезнале.

 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, повикува да не се прави паника од страна на одрдени луѓе кои се со политичка конотација или со други интереси и ги злоупотребуваат социјалните мрежи со лажни вести. Тој истакна дека дури и поранешниот шеф на МВР, објавил статус на „Фејсбук“ со клевети и лаги.

Само на територијата на главниот град, според СВР Скопје, во последните пет години исчезнале 990 лица, од кои 881 се пронајдени, а за 109 се уште се трага. Во овие два месеци од оваа година, според полицијата, од 24 исчезнати, 20 се пронајдени, а за четири се трага. Според форензичарите и истражните тела, повеќето од пронајдените се самоубиле, а ниту еден не бил жртва на киднапирање за шверц со органи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.