За еден ден над 18.000 заразени со коронавирус во Србија
Прогнозите на здравствените власти во Србија се покажаа како точни. Утрово премиерката Брнабиќ изјави дека денеска ќе се сруши рекордот на новозаразени за еден ден.
Така, од речиси 40.000 направени тестови, регистрирани се 18.006 позитивни пациенти. За 24 часа починале 25 лица.
Во болниците има нешто помалку од 2.600 пациенти, од кои 109 се на респиратор.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: