За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе

За две позиции за технички експерти за надзор на следењето на комуникациите се пријавиле седум кандидати. Конкурсот го објави собраниската Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. На денешната седница ќе ги интервјуираат кандидатите, но зад затворена врата. Техничките експерти ќе се ангажираат за потребите на собраниската Комисија и ќе оперираат со класифицирани документи и информации.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: