ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Захариева тврди дека македонските политичари немаат претстава како функционира ЕУ

Мешовитата Комисија за историја со Бугарија работи, но не постигнува некаков напредок. Ваква критика на адреса на Комисијата стигна од шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, токму на денот кога историчарите од двете земји ја започнаа новата средба за постигнување на решенија по историските прашања меѓу двете земји.

Захариева за ваквите свои гледања на работата на Комисијата го информирала лично и својот македонски колега, Бујар Османи.

„КОМИСИЈАТА ЗА ИСТОРИЈА СЕ СРЕЌАВА ОТКАКО ЈА ОБНОВИ РАБОТАТА ОД КРАЈОТ НА МИНАТАТА ГОДИНА. ЗБОРУВАВМЕ ЗА ТОА, ДЕКА НЕ САМО ШТО НЕМА НАПРЕДОК, ТУКУ ИМА ОТСТАПУВАЊА, НАВИСТИНА, ТАКА Е. ПО ПЕТ ЛИЧНОСТИ ЗА КОИ СМЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ, ТОА Е ЕДНО ОД СУШТИНСКИТЕ СПОРОВИ, ДАЛИ СМЕ СЕ РАЗБРАЛЕ САМО ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ ИЛИ, НА КРАЈ НАШЕТО РАЗБИРАЊЕ И РАЗБИРАЊЕТО НА НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА, Е ДЕКА СЕ ТОА ТЕКСТОВИ КОИ ТРЕБА ДА ВЛЕЗАТ ВО УЧЕБНИЦИТЕ. ТАКА ШТО ОБЈАВУВАЊЕТО ДЕКА КОМИСИЈАТА СЕ РАЗБРАЛА ЗА СРЕДНОВЕКОВИЕТО НЕ Е ТОЧНО. ЕДНОСТАВНО, ТИЕ НЕ СЕ РАЗБРАЛЕ ЗА СРЕДНОВЕКОВИЕТО, ПЕРИОДОТ КОЈ СЕ ОБЈАВУВА ОД СТРАНА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“, РЕЧЕ ЗАХАРИЕВА.

Комисијата за историја пак со ваков ветер во грб од Захариева утрово во 9.30 ја започна својата 12 средба на која домаќин е македонската страна. Таа денеска и утре ќе ги усогласува записниците од 10 и 11 средба, кои останаа непотпишани пред се поради спорењето на бугарската страна на употребата на терминот „македонски“ во нив, а историчарите повторно ќе направат обид да ги усогласат позициите на двете страни за толкувањето на ликот и делото Гоце Делчев.

Извесно е дека и на оваа средба ќе се разговара и за Цар Самоил, прашање кое иако се сметаше дека е затворено, повторно е проблематизирано од бугарските историчари.

Но Захариева освен за работата на историчарите од Комисијата не штедеше забелешки и за македонските политичарите, на кои им порача да не се надеваат на притисок од надвор за Бугарија да го смени својот став, но и дека не знаат како функционира Европската унија.

„ТОА УШТЕ ПРВИОТ ПАТ ИМ ГО КАЖАВ: НЕ ЗНАМ КАКВА ПРЕТСТАВА ИМАВТЕ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, НО ТАА НЕ ФУНКЦИОНИРА КАКО ЈУГОСЛАВИЈА, ТАА РАБОТИ НА ДРУГ НАЧИН. ИМАВТЕ НЕКАКВА ПРЕТСТАВА ДЕКА НЕКОЈ МОЖЕБИ ЌЕ ЈА ПРИТИСНЕ БУГАРИЈА, И МНОГУ ПАТИ ВИ КАЖАВ ДЕКА ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ, НИЕ ТОА ИМ ГО КАЖАВМЕ ВО 2019 ГОДИНА. ДУРИ ОСТАНА И ГОЛЕМА ГОРЧИНА ДЕКА БУГАРИЈА КАЖА НЕ НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА. НИЕ БЕВМЕ МНОГУ ЧЕСНИ СЕКОГАШ. ВО 2019 ГОДИНА ИМ КАЖАВМЕ И ТОА СО ОДЛУКА ОД СОБРАНИЕТО: ВИДЕТЕ ЗА БИДЕ ОДОБРЕНА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ОВА ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИТЕ, СПОРЕД ДОГОВОРОТ“, РЕЧЕ ЗАХАРИЕВА.

Захариева која вчера имаше непланирана средба со Османи, поради неговиот транзит преку софискиот аеродром кон Македонија, рече дека со него разговарале за акцискиот план и што поскоро одржување на меѓувладината комисија, а испрата и порака за усогласено настапување пред медиумите, за потоа да не се демантираат.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.