Затворање на угостителски објекти и полициски час во делови од Црна Гора
Угостителските објекти во Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак од утре ќе бидат затворени поради влошената епидемиолошка состојба во тие општини.
Стапката на заразување со коронавирусот во тие општини е над 800 на 100.000 жители, со што автоматски преминуваат во групата општини во кои од понеделник ќе се применуваат построги антиепидемиски мерки кои ќе траат 14 дена.
Според новите правила, забрането е собирање во станбени згради на лица кои не се членови на заедничко семејно домаќинство.
Во оние општини каде има многу заразени, наставата ќе премине во онлајн, а ќе има и полициски час од 22 до 5 наутро.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: