ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Западот подготвува санкции за лидерите на босанските Срби за да се избегне војна

Западните сили подготвуваат санкции против лидерите на босанските Срби кои поради своите потези би можеле да предизвикаат распад на БиХ и да започнат нов конфликт на Балканот, пишува денеска британскиот весник Тајмс, пренесува Бета.

„Според дипломатски извори, САД и Велика Британија подготвуваат мерки за казнување на националистичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик, а Германија има слични барања во Европската унија”, пишува весникот.

Иако Дејтонскиот мировен договор обезбеди мир, Тајмс пишува дека Западот стравува оти „новите сепаратистички активности можат да и нанесат голем удар на западната дипломатија, особено со оглед на неславниот крај на мисијата во Авганистан”.

„Американската Влада и Европа стравуваат дека распадот на БиХ ќе и зададе уште еден удар на дипломатијата на овие земји, особено по распаѓањето на авганистанската влада, која беше поддржана од западните земји. Од сè што се случува во БиХ, Русија и Кина, кои се шират на просторот, би можеле да имаат најголема корист”, пишува Тајмс.

Последните денови меѓу дипломатските кругови се интензивираше приказната за воведувањето санкции против Милорад Додик, како и за други функционери во РС и компании кои се поврзани со нив, потсетува Бета.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.