ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЗАМРЗНАА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ – ЛЕБ, БРАШНО, МЛЕКО, СИРЕЊЕ, МЕСО, МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ, ШЕЌЕР

Владата донесе одлука да ги замрзне цените на основните производи. Лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месото, сувомесните производи, сирењето и урдата – ова се производите чии цени се замрзнуваат и нема да смее да се покачат до крајот на јануари. 

За највисоки ќе се сметаат цените кои биле на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и мало. Притоа, исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на истиот датум

Во моментов цените  на дел од продуктите низ маркетите се следни:  

Брашно – 40 денари за килограм

Сончогледово масло за јадење – 100 денари за литар   

Млеко – 50 денари за литар  

Шеќер – 40 денари за килограм   

Од Владата велат дека замрзнувањето на цените ќе трае до 31 јануари, но доколку има потреба овој рок ќе биде и продолжен.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат мерката е добра, но само на краток рок. 

„Треба да имаме предвид дека како земја сме увозно зависни и не можеме да си дозволиме замрзнувањето да трае долго бидејќи тоа може и да не довде до ситуација да имаме дефицит од некои производи на пазарот бидејќи ние како држава немаме капацитети да прозиводуваме на ниво со кое ќе ги задоволиме потребите на домашниот пазар и затоа сметаме дека замрзнувањето треба да се спроведе само на краток рок како мерка која ќе го регулира дисбалансот помеѓу понудата и побарувачката, а не преку оваа мерка да се обидуваме да ја средиме лошата ситуација во која се наоѓа нашата економија.“ – вели Дурим Зекири – Стопанска Комора на Северозападна Македонија.

Ограничувањето на цените на основните производи е резултат на здравствената и енергетската криза во светот која силно удри врз џебот на граѓаните. 

Заводот за статистика во октомври годинава во споредба со истиот месец лани  ги регистрираше највисоките ценовни пикови, со што се потврди и она на што укажуваа граѓаните во изминативе месеци, а тоа се повисоките трошоци за живеачка.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.