Заев: Со Ципрас ќе разговараме за преку 30 прашања
Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе разговараат за преку 30 прашања, соопшти денеска премиерот на Северна Македонија. Особено разговорите ќе бидат за економската соработка меѓу двете земји.
-Прашањата се многу, преку 30 засега. Драго ми е што постои желба од двете страни за дијалог. Се отвораат прашања, само треба да провериме колку имаме капацитет истите да ги реализираме – изјави Заев.
Поради тоа што има многу прашања околу економската соработка, Заев најави одржување на средби и со стопанските комори на двете земји.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: