ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев оптимист за односите во коалицијата, нема против изборите да бидат и на 17 октомври

Лидерите на СДСМ и ДУИ во преговори за тоа како ќе настапат на претстојните локални избори. Премиерот Заев верува дека коалиционите партнери ќе успеат заеднички да настапат, иако сè зависи од квалитетот на кандидатите кои ќе ги понудат партиите.

Заев не очекува конкретна разврска по денешната средба со Ахмети бидејќи има уште многу време до изборите, а сè уште траат и внатрепартиските постапки за избор на кандидати за градоначалници.

Во меѓувреме, власта и опозицијата со различни предлози за денот кога да се организира гласањето за градоначалници.

Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, датумот за избори не е предмет на преговори, туку е пропишано со Устав и според тоа 17 октомрви е последен датум за локални избори, бидејќи тогаш истекува мандатот на актуелните градоначалници.

Од друга страна, премиерот предложи изборите да се одржат на 31 октомври но, вели дека нема ништо против да се организираат и две недели порано доколку за тоа се согласи опозицијата.

И од партијата Левица тврдат дека последен датум кога може да се одржат локалните избори е 17 октомври, во спротивно гласањето може да биде оспорено пред Уставниот Суд.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.