Заев: Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април
Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април а екс функционерите Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атансовски се изманипулирани од нивниот шеф и некоректно е против нив да се води ваков тежок предмет. Со вакво сведочење премиерот Заев ги изненади сите присутни на денешното рочиште за органзaторите на 27-ми април.
СИТЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ПОСАКУВААТ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ И ВЕРУВАМ ДЕКА ЕДНА ОД ГАРАНЦИИТЕ ЗА ТОА СЕ ВАКВИТЕ СУДСКИ ПОСТАПКИ. КАКО ЧОВЕК ЖРТВА НА ТОЈ НАСТАН, СМЕТАМ ДЕКА БЕВ ПРВ ТАРГЕТ НА ГРУПА СО ЦЕЛ ДА ОДЗЕМА ЖИВОТИ. НЕ МИСЛАМ ДЕКА ГЛАВНИ ОСМИСЛУВАЧИ И ОРГАНИЗАТОРИ СЕ МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ, СПИРО РИСТОВСКИ, ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ И ДРУГИТЕ ТУКА. СПОРЕД МОИТЕ СОЗНАНИЈА МИСЛАМ ДЕКА СЕ ИЗМАНИПУЛИРАНИ ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ. ОВА ГО КАЖУВАМ ЗАТОА ШТО БЕВ СЕКОЈ ДЕН ВО СОБРАНИЕТО И ЗНАМ ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО И НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА Е КОРЕКТНО ВАКВО ТЕШКО ДЕЛО, ИЗЈАВИ СВЕДОКОТ ЗОРАН ЗАЕВ.
По ваквото сведочење Заев не даде изјава за медиумите. Обвинителката Вилма Русковска не се согласува со премиерот и смета дека ваквата негова изјава дадена во форма на мислење и непоткрепена со ниту еден доказ. Одбраната го оцени како искрено ова сведочење на премиерот очекува повлекување на обивнението
Во првиот предмет за извршителите на 27-ми, Заев сведочеше на предлог на обвинителството, овој пат на предлог на обраната, поради што Русковска прв пат ги слуша овие негови ставови.
Четворицата обивнети како организатори на крвавиот четврток одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок. И Груевски беше мегу осомничените но поради тоа што е во бегство и во истрагата не беше сослушан не се најде меѓу обвинетите.
На денешното рочиште требаше да сведочи и пратнеикот Африм Гаши но по паузата на Ристовски на влезот од судот му била измерена повисока температура поради што судењето се одложи.