ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: На пролет изградба на пристапен пат за ХЕЦ „Чебрен“

Премиерот Зоран Заев оптимист дека на пролет следната година ќе почне да се гради дел од подготвителната инфраструктура за со децении планираната хидроцентрала „Чебрен“. И во услови на техничка влада, одржување на избори, кусиот рок за распишување на тендер и без нова студија која ја изготвува меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, премиерот е сепак уверен дека изградбата ќе започне.

„Инвестицијата е меѓу 600 до 800 милиони евра, џиновска е и бара меѓународен инпакт и во делот на балансирање на енергијата, а како потенцијал за производство на чиста енергија кај нас во С.Македонија. Наша задача е пролета 2020 да се гради барам пристапниот пат, оформување на целата локација, првите почетни работи околу новата брана која ќе биде хидроцентралата Чебрен“, рече премиерот Заев.

Изграбата на хидроцентралата Чебрен на Црна Река во јужна Македонија е проект стар повеќе од 50 години и ветување на сите Влади досега. Но, низ годините наназад за изградба на Чебрен беа распишани дури 12 неуспешни тендери. Најдобри понуди имаше во 2006 година кога конкуриираа греманската РВЕ и австиската Вербунг, но се повлекоа и наместо кај нас, инвестираа во соседството. Оваа влада претходната година реши дека Чебрен ќе ја гради ЕЛЕМ, сегашна ЕСМ, но преку моделот за јавно-приватно партнерство, па преку тендер, државата ќе се бара партнер за проектот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.