ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев најавува одговорност за прислушкувањето, опозицијата бара оставки

Премиерот Заев верува дека е невозможна злоупотреба на снимените телефонски разговори во обвинителството затоа што навреме било откриено. Претседателот на Владата остава истрагата да открие кој стои позади скандалот и е категоричен дека одговорност мора да има.

Додека трае истрагата за прислушувањето во Обвинителството и Кривичниот суд друга државна институција набавува слична телефонска опрема. Заев смета дека современата технологија го овозмова тоа, но битно е дали одговорното лице ќе дозволи снимање и евентуална злоупотреба на приватните и службените разговори на службениците. Неодамна и во Правда била инсталирана нова телефонска централа. Министерката Дескоска ќе бара од МВР да провери дали и таму се прислушувало.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ и денеска побараа оставка од министерот Спасовски за скандалот со прислушувањето.

Обвинителството вчера информираше според нивните индиции снимањето во зградата траело од 2013 година кога била набавена и инсталирана опремата. Но и 3 дена по обелоденувањето на скандалот со прислушувањето во правосудтсвото не се открива кој и зошто снимал, колку разговори биле слушани и дали се злоупотребени?

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.