ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев засега не планира поголема реконструкција на Владата

Премиерот Зоран Заев засега не планира поголема реконструкција на Владата и верува дека денеска во Парламентот ќе бидат поддржани предлозите за разрешување на двајцата министри Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил.

На местото на Ахмедовски, кој беше министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, се предлага да се избере Музафер Бајрам.

Аднан Ќахил на функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции треба да го замени Елвин Хасан.

„Предлозите за разрешување на двајцата министри во Парламентот се одлуки донесени од страна на раководствата на политичките партиципиенти во власта, кои бараа соодветна замена“, изјави премиерот одговарајќи на новинарски прашања по презентација на проектите од Вториот инвестициски бран од Планот за економски раст.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.