Завршени тестови на сомнителните случаи за коронавирус, здравствените власти бараат да се почитуваат препораките
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/Venko-Filipce-7.jpg)
Тестот за коронавирус кај возачот на комбето кое ги превезувал патниците од Италија е негативен. ТОј иако ја возел единствената заразена со вирусот не е заболен. Од утрово беше тестирана уште една жена која се пожалила на симптомите кои алудираат на вирусот. Таа допатувала од Италија во земјава пред три дена но со индивидуално возило заедно со роднина но само таа се пожалила на респираторни потешкотии во клиниката за инфективни болести. Тестот е негативен но таа како и останатите 12 пациенти кои биле во контакт со пациентката ќе бидат во домашна изолација.
„Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Веќе втор ден нема температура, претпоставувам дека многу скоро ќе почне и закрепнувањето. Негативен е резултатот на возачот, којшто го управувал комбето, во кое патувала пациентката којашто се лечи на инфективната клиника. Поради секоја можна варијанта тој и понатаму ќе остане во домашна изолација, во текот на следните денови, се до четиринаесеттиот ден, кога завршува периодот на инкубација, а потоа лекарите специјалисти, инфектолози, епидемиолози ќе одлучат дали и повторно ќе се тестира“, изјави Филипче
Филипче утрово разговарал со конзулот во Италија кој го информирал дека нема регистрирано заболени наши државјани ниту дека некој се наоѓа во карантин.
Министерот го повтори апелот до сите граѓани кои допатувале во земјава или пак биле во некаква комуникација со лица од кризните подрачја каде владее коронавирусот, доколку почувствуваат некакви симптови да се јават во некој од подрачните центри за јавно здравје. Апелот важи и за сите оние кои треба да одоговорат на прашалникот при влез во државата да даваат релевантни податоци. Оние граѓани пак кои се веќе во изолација да не креваат паника бидејќи тоа е добро за нив, нивните најблиски и целото општество.