ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Жители од Блаце ги отфрлаат тврдењата на Груби за автопатот Скопје-Блаце

За оваа земја е платен данок на општината во износ од 50 евра за метар квадратен од 1994 година. Но, сега при експропријацијата за изградба на автопатот Скопје-Блаце, Бирото за правни вештачење го обештети за 5 евра по м2. Жителите кои поседуваат имоти покрај патот ги обжалиле одлуките, а некои од нив добиле и исход . Еден од сопствениците рече дека Управниот суд ја укинал одлуката на Бирото, при што отворил пат на судскиот процес за имотни спорови.

Ние не го прифативме и веќе го доставивме предметот со адвокат на суд. Како оценува судот зависи од државата, иако знаеме дека ќе биде тешко затоа што државата беше таа што ја направи оценката.Имотот е наш, нема да се предадеме до крај!Или ќе ги изгубиме се или ќе одиме до највисоките инстанци, но не само во судовите во Македонија“, изјави Буњамин Џавити, жител.

Овластен проценувач од Бирото за судско вештачење рече дека околу 150 имоти во таа област достигнале цена над 2,2 милиони евра. Според Антонио Георгиев, некои имоти околу стариот пат се во вредност од 50 евра за м2, вредност за која сопствениците платиле данок на општината Чучер Сандево.

„Во конкретниот случај има земјоделско земјиште и градежни парцели, последните се позиционирани околу стариот пат. Според одлуките на општината и карактерот на имотите, потврдена е проценката на пазарната цена за тие земјишта по м2“, рече Антонио Георгиев, експерт за проценка на имот.

Жителите на Блаце ги отфрлаат наодите на вицепремиерот Артан Груби дека целиот приватен имот е експроприран 100%, низ кој ќе помине новиот автопат Скопје-Блаце. Од неговиот кабинет, објаснуваат дека се експроприрани само 8 парцели на 2 километри од почетокот на првата фаза од проектот.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ:

„На 32-та седница со одлука на владата, на Јавното претпријатие за државни патишта беа дадени само 8 парцели врз основа на решенија за експропријација од страна на Дирекцијата за сопственички прашања за изградба на автопатот Скопје-Блаце, имајќи го предвид јавниот интерес и експропријацијата беше извршена 100% во првата фаза на автопатот “.

Според членот 37 од Законот за експропријација, надоместокот на недвижен имот се заснова на вредноста на пазарната цена која варира во секоја општина врз основа на плаќањето данок на тие имоти. Автопатот долг 12 километри, кој се очекува да ги чини даночните обврзници 120 милиони евра, може да ги зголеми трошоците, бидејќи проценките за време на експропријацијата не беа реални. Поради проблеми со имотните  присутни уште од првата фаза, веројатно нема да се испочитува рокот за пуштање во употреба на автопатот во 2023 година.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.