ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Жестоки судири во Карабах, обвинувања меѓу Франција и Турција

Нови жестоки судири избувнаа во средата меѓу азербејџанската војска и силите на етничките Ерменци во јужнокавкаскиот регион Нагорно Карабах и го одбележаа најжестокиот судир кој трае со децении од крајот на 1980-те години, пренесуваат медиумите и истовремено заредија заемните обвинувања меѓу Франција и Турција.

Досега во борбите по должините на ткн „линија на контактот“ која ја дели ерменската енклава Нагорно Карабах од остатокот на Азербејџан од неделата загинале повеќе десетици лица и стотици се ранети, а настрадале и цивили.

Според информациите на светските агенции, судирите во средата се прошириле и надвор од границата на енклавата и можно е да прераснат во отворена војна меѓу двете поранешни советски републики: Азербејџан и Ерменија, пренесува Reuters.

Борбите кои избувнаа во неделата и за кои меѓусебно се обвинуваат двете конфронтирани страни, предизвикуваа загриженост за стабилноста на регионот на јужен Кавказ, стратешки коридор преку кој се испорачуваат нафта и гас. Постојат и стравувања дека во овој судир може да бидат вовлечени и Русија и Турција. И додека од Анкара досега стасуваат само негирања на ерменските обвинувања дека нејзината воена авијација дејствува на азербејџанската страна и отворено го поддржува Баку, Москва која одржува добро односи со двете земји повикува на итно запирање на насилствата.

Некои од турските сојузници во НАТО сѐ повеќе се вознемирени од ставовите на Анкара кон ситуацијата во Нагорно Карабах, со огромно мнозинство ерменско население кое во 1988 година прогласи независност од тогашната советска република Азербејџан, но до денеска е меѓународно непризнаена, вклучително и од самата Ерменија. Покрај тоа, Турција настојувајќи да го прошири своето влијание кон централна Азија и во другите конфликти во Нагорно Карабах го поддржува Азербејџан.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот рече дека Азербејџан мора да ги „земе работите во свои раце“ и дека Турција ќе застане до Баку „со сето срце и ресурси“.

Турскиот премиер Мевлут Чавушоглу, пак, на новинарско прашање во средата дали ќе понуди воена поддршка на Азербејџан, ако тоа земјата го побара, одговори дека Турција ќе го стори „она што е потребно“.

„Ќе го направме она што е потребно (…) доколку Азербејџан сака да го реши овој судир на бојното поле“, рече Чавушоглу и додаде дека „во моментов Азербејџан има капацитети сам да ја реши оваа ситуација“.

Исто така, ја обвини Франција дека изразувањето на солидарноста со Ерменија значи дека „ја поддржува ерменската окупација“ на Азербејџан.

Францускиот претседател Емануел Макрон веднаш возврати на турките прозивки и во средата изјави дека е „утврдео“ дека во неделата, кога повторно избувна судирот поради Нагорно Карабах, „истрелите дошле од страната на Азербејџан“, пренесува агенцијата DPA.

Макрон ги повика сите страни да ја „вратат смиреноста и да го прекинат огнот“ и додде дека за судирот ќе разговара со рускиот претеседател Владимир Путин и со американскиот колега Доналд Трамп за да „предложат излегување од оваа ситуација“.

Говорејќи по средбата во Рига со латвискиот премиер Крисјанис Каринс, Макрон рече дека сѐ уште нема докгази за каква и да е директна вмешаност на Турција во овој судир, иако Ерменија повеќепати обвини дека ерменските цели се на удар на воздушни удари на турски дронови и борбени авиони „F-16“ на турската воена авијација што Анкара го негира.

Меѓутоа, Макрон ја критикуваше Турција поради „воените пораки коишто, во крајна линија, го отстрануваат воздржувањето на Азербејџан во врска со можно повторно освојување на Нагорно Карабах“, порачувајќи дека Франција „тоа нема да го прифати“.

Нагорно Карабах е составен дел од Азербејџан, но неговото население е речиси 90 отсто ерменско. Во текот на 1920-те години Ерменија и Азербејџан беа дел од поранешниот СССР, а во 1926 година Нагорно Карабах административно е присоединето на Азербејџан. Меѓутоа, пред распадот на Советскиот сојуз Ерменците од оваа енклава во 1988 година преку референдум прогласија независност и отцепување, кое не беше признаена но предизвија жестока војна особено од 1992 до 1994 година.

Од тогаш енклавата остана дел на Азербејџан, но ја контролираат етничките Ерменци кои ги поддржува владата во Ереван. Во децениите кои следеа се оджуваа преговорите на кои посредуваа меѓународните сили, но никогаш не се успеа да се дојде до мировен договор.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.