ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Жени од најразлични профили и возраст дел од ланецот за проституција во Србија

Извор на српски „Курир“ откри дека меѓу девојките кои работеле како проститутки имало и студентки, мажени и немажени девојки, вработени и невработени, но и една медицинска сестра. Атрактивните девојки кои се уапсени во акција на полицијата тврдеа дека не работат како проститутки, туку дека се секретарки кои организирале средби со клиенти.

Клиентите на групата која ја сочинуваа 22 лица, а која беше разбиена во Белград по спектакуларната полициска акција во вторник, ќе се најдат српското Обвинителство за организиран криминал, а нивните имиња се наведена во деталната евиденција која ја водела групата.

Извори на белградските медиуми наведуваат дека групата за проституција завела дури 30 девојки, меѓу кои има и жени од различни години и профили. Сите тие, но и корисниците на нивните услуги, ќе излезат пред обвинител во својство на сведоци. Наводно, меѓу евидентираните клиенти се најдоа и познати имиња од српкото политичко милје, а имало и спортисти.

Извор на српски „Курир“ откри дека меѓу девојките кои работеле како проститутки имало и студентки, мажени и немажени девојки, вработени и невработени, но и една медицинска сестра. Атрактивните девојки кои се уапсени во акција на полицијата тврдеа дека не работат како проститутки, туку дека се секретарки кои организирале средби со клиенти.

Вчера во надлежното Обвинителство е завршено сослушување на осомничените, по што Специјалниот суд за 18 од нив одреди притвор до 30 дена, додека за четири лица е донесена мерка за забрана за приоѓање, комуникација и состанување со сведоците.

Групата од 22 лица работела поделена на два огранока, а во едната имало и еден полицаец.

Девојките биле огласувани на интернет, а се работело така што клиентите доаѓале во нивните изнајмени станови, кои најчесто се наоѓале во белградската населба Нови Београд. На вратите на тие станови ги дочекувало обезбедување кое водело сметка за девојките, а клиентите парите им ги давале во коверти на кои наводно пишувало „подарок“. Потоа заработката ја делеле членовите на групата, соодветно на задачите кои ги вршеле.

Интересно е да се напомене дека кај уапсените се пронајдени дури 176 мобилни телефони и 12 лаптопи. Освен тоа, пронајдена е и помала количина на дрога, муниција, а одземени се и четири возила кои се користени за работа.

Според неофицијални информации, во евиденцијата која е пронајдена во нотеси за време на претрес на становите, тарифите биле различни и се движеле од 100 до 550 евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.