ЕУ ќе плаќа повисоки цени за вакцините против ковид-19 на „Фајзер“ и на „Модерна“
Американските фармацевтски компании „Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на вакцините против ковид-19 за земјите-членки на Европска Унија, објави денеска Фајненшл тајмс.
Вакцината на „Фајзер“ од 15,50 евра сега ќе се продава за 19,50 евра, додека вакцината на „Модерна“ од 19 евра е зголемена на 21,50 евра.
Европска комисија претходно соопшти дека ЕУ е на добар пат да ја постигне целта – целосно вакцинирани најмалку 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.
Ниту Фајзер ниту Модерна не го коментираа засега зголемувањето на цената на вакцините против ковид-19.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: