ЕУ најавува дека нема да го заборави Западен Балкан за Ковид вакцини
ЕУ ветува дека земјите од Западен Балкан нема да бида заборавени при распределбата на вакцините. Европската медицинска агенција до крајот на годинава треба да ги одобри вакцините на Бионтек и на Фајзер. Одобрение следниот месе треба да добие вакцината на Модерна, а во тек е и анализата за препаратите на Астразенека и Џонсон и Џонсон, посочи шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен по завршетокот на лидерскиот самит на ЕУ. Таа им порача на земјите на Унијата да се подготват за вакцинирање.
И Американците го направија првиот чекор кон одобрување на вакцината против ковид Комиетот на американската агенција за контрола на лекови и храна препорача итна регистрација на вакцините на Бионтех и на Фајзер. Откако агенција ке ги одобри, дистрибуцијата ке започне во следните 24 часа. Во мегувреме британските и руски научници најавија дека ке ја тестираат комбинацијата на оксфордскатасо спутник вакцината за да се предизвика подобар имунолошки одговор. Тестирањето ке се врши врз доброволци во Русија.