ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕУ „загрижена“ од неисполнетите српско-косовски ветувања, САД очекува деескалација на ситуацијата

Европската унија изрази „загриженост“ поради неисполнетите ветувања од почетокот на оваа година на двете страни во разговорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово и ги повика да се „вклучат конструктивно и со добра волја“.

Во изјавата на 19 септември, дипломатската служба на ЕУ се пожали на „недостиг на напредок од двете страни во деескалирањето на тензиите на северот на Косово“ неколку месеци по немирите кои ги повредија мировниците на НАТО КФОР и цивилите.

Во неа, ЕУ ја повика Приштина да ги спроведе ветувањата за експропријации, иселувања и користење на специјалните сили за рутинско полициско работење, додека го обвини Белград за „блокирање на патоказот за енергија“ и други дејствија.ЕУ побара работата за воспоставување на здружение на општини со мнозинско српско, како што Приштина вети дека ќе го направи тоа уште пред една деценија. Според изјавата на ЕУ ова „треба да започне без натамошно одложување или предуслови“.

Формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство беше договорено со Бриселскиот договор што двете партии го постигнаа во 2013 година.

Официјална Приштина одбива да ја формира Заедницата со образложение дека тоа не е во согласност со законите на Косово, односно дека не се можни моноетнички здруженија. Формирањето на Заедницата на српски општини го бараат Европската унија и САД.

Во меѓувреме специјалниот советник на Стејт департментот на САД Дерек Шоле при средбата со косовската претседателка Вјолса Османи го повтори ставот за потребата од деескалација на балканската жешка точка.Ова Шоле го изјави на средбата со Османи во Њујорк, која е таму за да присуствува на 78. Генерално собрание на ОН.

Шоле утринава во објава на социјалната платформа Х, порано позната како Твитер, напиша рече дека имал „добра дискусија“ со Османи.

„Добар разговор со претседателката Вјоса Османи за нашата заедничка заложба за евроатлантската иднина на Косово, за потребата од деескалација на ситуацијата и итен ангажман во дијалогот за нормализација на односите со Србија, со посредство на ЕУ, што е клучно за регионалната стабилност и интеграција кон ЕУ“, напиша Шоле на социјалната платформа X.

На 14-ти септември во Брисел се одржа нова рунда дијалог на највисоко политичко ниво, прва по избувнувањето на насилството на северот на Косово на крајот на мај, што дополнително ги затегна односите меѓу Приштина и Белград, како и меѓу Брисел и Приштина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.