ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕУ: Вучиќ и Курти го потврдија своето учество на претстојниот состанок во Брисел

Според агендата, предвидено е високиот претставник ЕУ, Жосеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, најпрво да остварат одвоени средби со Вучиќ и Курти по што ќе следува и заедничка средба

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го потврдија своето учество на претстојниот состанок во Брисел кој ќе се одржи в понеделник, 27 февруари, информираа од Европската Унија.

Според агендата, предвидено е високиот претставник ЕУ, Жосеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, најпрво ќе остварат одвоени средби со Вучиќ и Курти по што ќе следува и заедничка средба.

Тема на средбата е, како што се наведува, предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.