ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ердоган: Ќе се бориме до конечната одлука на Изборната комисија Ердоган: Ќе се бориме до конечната одлука на Изборната комисија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, еден ден откако опозицискиот кандидат ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул, денеска изјави дека неговата Партија на правдата и развојот ќе се бори се додека Високата Изборна комисија не донесе конечна одлука за изборите одржани на 31 март. После 17 дена приговори и повторно пребројување, Екрем Имамоглу вчера ја презеде должноста, и покрај барањето на партијата на Ердоган изборите за градоначалник на Истанбул да бидат поништени и повторени. Во разговор со членовите на синдикатот, Ердоган рече дека Турција треба ефективно да ги искористи наредните четири и пол години до следните редовни избори со цел решавање на економските и безбедносните проблеми.
Ердоган: Ќе се бориме до конечната одлука на Изборната комисија
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.