ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ердоган со закани кон Грција: Или преговори или ќе се соочите со последиците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Грција дека ќе мора да влезе во разговори за спорните делови на истокот на Медитеранот.

Ердоган и се закани на Грција дека во спротивно ќе се соочи со последиците.

„Или тие ќе го разберат јазикот на политиката и дипломатијата или ќе се соочат со болни настани на теренот“, рече тој денес за време на отворањето на болницата во Истанбул.

Говорејќи за областите што Грција и Кипар ги назначија за свои економски поморски зони на истокот на Средоземното Море, Ердоган рече дека Грција ќе разбере дека „Турција има политичка, економска и воена моќ да распарчи неморални мапи и наметнати документи“.

Тој истакна дека Турција е „подготвена за секоја можност и резултат“.

Грција и Турција се во расправија околу поморските граници по откривањето на значителни наоѓалишта на гас, а двете земји спроведоа неколку воени вежби во последните неколку недели.

Анкара тврди дека Грција нема право да експлоатира гас.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно на својот профил на Твитер објави дека Грција и Турција, членки на Алијансата, „се согласиле да започнат технички преговори во НАТО“, со цел да спречат какви било инциденти на истокот на Средоземното море, каде што турскиот брод е во потрага по нафта и гас во морското дно, придружен со воени бродови, во грчките води од 10 август.

Атина тогаш негираше дека ќе има преговори со Анкара за деескалација во источниот Медитеран.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.