Ердоган најави дека договорот за житото наскоро може да биде обновен

Mesto: Moskva Datum: 08.04.2019 Dogadjaj: POLITIKA - susret predsednika Rusije i Turske, Vladimira Putina i Redepa Tajipa Erdogana u Moskvi Licnosti: Vladimir Putin, Recep Tayyip Erdogan
Рускиот претседател Владимир Путин по денешниот состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рече дека Русија ќе биде подготвена да се врати во договорот за житото кога ќе се исполнат сите релевантни услови за да се постигне договор.
Турскиот претседател пак рече дека верува оти наскоро ќе може да се најде решение за заживување на договорот за извоз на жито во посредство на Обединетите Нации.
Ердоган потенцираше дека Анкара е против алтернативни предлози во врска со извозот на жито од Украина и мора да се најде трајно решение.
„Алтернативните предлози кои се ставени на дневен ред не можат да понудат одржлив, сигурен и траен модел базиран на соработката меѓу страните како што е Црноморската иницијатива“, рече Ердоган на заедничката пресконференција со Путин во Сочи.
Состанокот на двајцата лидери во рускиот град Сочи траеше три часа, пренесува Ројтерс.Откако Путин претходно се повлече од договорот за житото, Ердоган повеќепати вети дека ќе ги обнови резервите кои помогнаа да се избегне прехранбена криза во делови од Африка, Блискиот Исток и Азија.
Украина и Русија се главни снабдувачи со пченка, јачмен, сончогледово масло и други добра на кои се потпираат земјите од третиот свет.
Турскиот претседател пак, Реџеп Таип Ердоган, одржува блиски врски со Путин во текот на 18-месечната војна во Украина, а Турција беше и земјата која не им се приклучи на санкциите од западот против Русија по инвазијата, наметнувајќи се како главен трговски партнер и логистички центар за руската трговија во странство, потсетува агенцијата Асошиејтед Прес.