ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ердоган бара сириските сили до крајот на февруари да се повлечат од Идлиб

Претседателот на Турција, Таип Ердоган се закани денес дека ќе употреби сила за да ги одбие сириските трупи во Идлиб, доколку до крајот на месецот не се повлечат зад линиите утврдени со договорот во Сочи.

Нападот на сириските владини сили во понеделникот во кој се убиени осуммина турски воени лица, претставува најголем предизвик за идната соработка меѓу Анкара и Москва, кои поддржуваат спротивставени страни во војната и покрај заедничките напори да го намалат насилството.

Ердоган рече дека две од 12-те посматрачници на Турција, поставени околу „зоната на деескалација“ во северозападниот регион Идлиб, како дел од договорот со Русија и Иран од 2017 година, сега се зад линијата на фронтот на сириската влада.

„Се надеваме дека процесот на повлекување на режимот зад нашите посматрачници ќе биде завршен во февруари“, рече тој пред членовите на АК партијата. „Ако режимот не се повлече во ова време, Турција ќе мора да ги преземе работите во свои раце“, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека турската војска ќе изврши воздушни и копнени операции во Идлиб, кога ќе бидат потребни.

Ердоган изјави дека Москва, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и Анкара, која ги поддржува бунтовниците кои се обидоа да го соборат, треба да го решат конфликтот „без лутина“ и се согласи со рускиот претседател Владимир Путин дека треба да ја подобрат координацијата на постапките на нивните земји во Сирија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.