ЕРАТА НА МЕРКЕЛ ЗАВРШИ – ТЕСНИ ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈА

Германија гласа за нови членови на бундестагот.П овеќе од 60 милиони германци ќе го избират идниот состав на парламентот и новиот канцелар, кој по 16 години ќе ја замени Ангела Меркел и ќе ја предводи најмоќната европска економија.
Главната битка ја водат конзервативните демохристијани и социјалдемократите, како и партијата на зелените. Последните анкети покажуваат дека социјаЛ-ДЕМОКРАТСКАТА партија на чело со Олаф Шолц, кој е вицеканцелар и министер за финансии, е во мала предност. Веднаш зад нив е коалицијата ЦДУ/ЦСУ која ја предводи Армин Лашет, а на третото место е партијата на зелените со Аналена Бербок.
Канцеларката Ангела Меркел не беше дел од кампањата но одлучи да се вклучи во последната недела и да му даде поддршка на Армин Лашет, премиер на Северна Рајна Вестфалија.
„Ова е ваша држава и вие одлучивате каква ќе биде идната влада. Мислам дека сите сме согласни дека новата влада треба да обезбеди мир и просперитет.“ – изјави Ангела Меркел – канцелар на Германија.
Аналитичарите велат дека за првпат по повеќе од една деценија, жителите ќе излезат на изборите без јасна претстава која партија ќе победи, кој би можел да биде следниот канцелар или каква би била владината коалиција.
„Мислам дека последните десет години од владеењето на Ангела Маркел беа одбележани со справување со разни кризи. Финансиска и европска криза, криза со бегалците, Украина, пандемијата. Ми се чини дека таа не успеа да најде време да со справи со другите проблеми во државата.“ – изјави Кристијан Одендал Центар за европски реформи.
Според проценките, во бундестагот најверојатно ќе влезат и партии кои и сега имаат пратеници – либералите, крајно десничарската алтернатива за Германија и партијата Левица.