ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕМА ја одобри вакцината Фајзер за деца на возраст од 5 до 11 години

Агенцијата за лекови на ЕУ ја одобри вакцината Фајзер против Ковид за деца на возраст од 5 до 11 години.

Вакцината ќе се дава во две дози од по 10 микрограми во интервали од три недели, препорача ЕМА, додека дозите за возрасни содржат 30 микрограми.

„Придобивките од оваа вакцина кај децата на возраст од 5 до 11 години ги надминуваат ризиците, особено кај оние со состојби кои го зголемуваат ризикот од тежок ковид“, соопшти ЕМА.

„Фајзер“ и „Бионтек“ истакнаа дека нивната вакцина покажала 90,7 проценти ефикасност против коронавирусот во клиничкото испитување на деца на возраст од 5 до 11 години.

Од мај годинава, вакцината е одобрена за употреба во Европската унија на тинејџери на возраст од 12 до 17 години . Иако конечното одобрување зависи од Европската комисија, тоа обично ги следи препораките на ЕМА.

Сè уште не е јасно кога земјите би можеле да почнат да ја користат вакцината кај оваа популација. Претходно оваа недела, германскиот министер за здравство во заминување Јенс Спна рече дека испораките на мала доза од педијатриската верзија низ ЕУ ќе започнат дури на 20-ти декември.

Десетици милиони деца од оваа возрасна група ќе имаат право да се вакцинираат во земјите на ЕУ.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.