ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕК: Дозволен влез во ЕУ за сите патници со примени две дози вакцини

Европската Комисија (ЕК) препорача да им се дозволи на странските државјани кои биле целосно вакцинирани против ковид-19 и доаѓаат од земји каде епидемиолошката состојба е поволна, да влезат во Европската унија без дополнителни ограничувања.

ЕУ во моментов им дозволува на граѓаните од седум земји да влегуваат за туризам и други несуштински цели, а препораката на ЕК ќе го прошири тој список, пренесува Ројтерс.

„ЕК предлага да се дозволи влез во ЕУ од несуштински причини не само за сите луѓе кои доаѓаат од земји со добра епидемиолошка состојба, туку и за оние кои ја примиле последната препорачана доза на вакцина одобрена од ЕУ“, се вели во соопштението.

“Ова може да се прошири на вакцините на списокот за итни случаи на Светската здравствена организација. Покрај тоа, Комисијата предлага да се подигне ограничувањето на бројот на нови случаи на ковид-19 што се користат за да се одлучува за списокот на земји од кои е дозволено патување, “додаваат во објавата.

Со цел да се ограничи увозот на нови варијанти на коронавирусот, Комисијата предлага и „рачна сопирачка“ што ќе овозможи брзо воведување на ограничувања за патувања доколку се влоши здравствената состојба во некои земји.

Членките на ЕУ утре ќе разговараат за предлогот на Комисијата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.