ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Експлозијата од „бомби“ на Фејсбук од корисникот Ел Чека продолжува и денеска

Експлозијата од „бомби“ на Фејсбук од корисникот Ел Чека продолжува и денеска. Најголем дел од објавените нелегално прислукувани разговори се меѓу функционери на ДУИ. Само утринава, Ел Чека има објавено десетина бомби, а најавува и дека наредниот период ќе продолжи со истото темпо.

Во една од објавите пишува дека ќе ги публикува датотеките и снимките што ги има, во консултација со неговиот адвокат, а потоа предупредува дека ќе ги испрати до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. „Или ќе бидат затворени за криминалци, или Заев ќе падне!, пишува утринава објавувачот на новите бомби.

Ел Чека, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет, и постојано објавува фотографии од себе. Ел Чека е само негов псевдоним, додека човекот кој ги објавува под овој профил е по потекло од Кичево.

Од МВР велат дека работат на случајот, како и дека побарале, по налог на Обвинителството, да биде избришан профилот на Ел Чека од ФБ. Но, Фејсбук се уште не одговорил на ова барање.

Дали се точни тврдењата на Ел Чека дека прислушкуваните разговори му се од кумнановската група, допрва ќе се истражува. СЈО исто така ќе истражува дали истите ги има и во своите сефови или се работи за дел од они кои не се предадени во СДСМ и потоа во обвинителството. За сега не се знае колку разговори завршиле во рацете на овој човек, но неофицијално се работи за стотици разговори.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.