ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Експерти: Потребни ни се долгорочни мерки против инфлацијата

Потребни се ценовни контроли кај трговците, но и државата да се откаже од одредени давачки. 

Ова е ставот на дел од аналитичарите по најавите на министерот за економија Бектеши дека во игра е повторно замрзнување на цените и ограничување на маржите за храната. Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ за Канал 5 вели за ублажување на инфлацијата потребни се мерки но долгорочни. Товарот од кризата треба да го понесат сите: државата, фирмите, трговците…, за да не падне само на грбот на граѓаните.

„Владата не смее да оди со политика на менување на мерките на секои два-три месеци. Тоа што го направија прво со замрзнување на цени, па промена на маржите, сега укинување целосно, тоа е најлоша можна опција. / Дури е во ред, државата да се откаже од одредени свои давачки, затоа што на тој начин презема дел од товарот и врз себе. Фирмите нема да ја обвинуваат, нема да викаат само нас не даночите, само нас ни ги намалувате профитите, а вие ништо не правите. Затоа е во ред државата да каже еве ве ослободуваме од одредени давачки, ама па не смее да се доведе во ситуација само таа да намали давачките, а да не ги контролира продажните цени.“ изјави Бранимир Јовановиќ, професор.

Вчера дел од стопанството беше на средба кај Бектеши и самите предлагале повторно да се интервенира кај маржите. А, министерот посочи дека се размислува и за укинување на некои увозни трошоци. Сепак какви мерки ќе има, ќе се знае најверојатно од наредната недела.

Откако престана важноста на мерките за ублажување на ценовниот шок, цените на одредени прехранбени производи пораснаа и за 70%.

Инфлацијата пак продолжи да руши рекорди и во мај достигна 12 отсто.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.