ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Евтината тарифа оваа или сепак догодина?

Среда е денот „Д“ кога ќе се одлучува дали граѓаните ќе добијат дневна евтина струја од оваа или сепак од наредната година.Првиот регулатор Бислимовски за Канал 5 вели дека се прават напори тоа да се случи оваа година па макар и во зимскиот период, но сепак кога и официјално да стартува најверојатно нема да важи за сите оддеднаш.

Веќе неколку месеци, надлежните наголемо го најавуваа нејзиното враќање, но сепак броилата ги „поматија“ сметките. Бислимовски вели дека поради новововедените блок тарифи, на ЕВН ќе им треба повеќе време за да ги адаптираат броилата.

„Со Електродистрибуција сме во преговори, они сметаат дека имплементацијата треба да почне од 1ви јули 2024та, а ние сметаме дека тоа треба да е порано. Во среда ќе имаме состанок кога ќе расчистиме се и до крајот на оваа недела ќе донесеме тарифен систем со кој ќе ја вратиме евтината тарифа. Единствено останува непознато од кој датум ќе почне. / Не може да биде од еден ист датум за сите домаќинства, но поентата ни е што поглем број да бидат опфатени за да нема поплаки јас немам некој друг има.“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Регулаторите веќе прават пресметки и за новата цена на струјата која ќе важи од 1ви јули. Бислимовски вели дека енергетските компании за разлика од лани сега имаат намалени трошоци. А, надеж дека цената би можела да не претрпи никакви промени дава и ЕСМ, која на тендерот на ЕВН во петокот, им понуди пониска сума за 3 евра. Произведената струја во наредните шест месеци ќе ја продава по 53 евра за мегават час, наместо досегашните 56.

„Компаниите бараа далеку повеќе, нивните трошоци за загуби се пониски, трошок за набавка на ЕВН е понизок поради пониската цена на ЕСМ. Така да во тој дел е позитивно и може позитивно да влијае врз цената. Во дел кој одредуваме ние (како РКЕ) не очекуваме промени.“ кажа Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Она што е веќе извесно, домаќинствата ќе плаќаат поскапо ДДВ на сметките, кое од 1ви јули од 10 се зголемува на 18%. Бислимовски вели дека се бараат креативни решенија за граѓаните да не почуствуваат дека плаќаат поскапо ДДВ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.