„Европската Колумбија“, Како Албанија стана најголем нарко-центар во Европа
Робата е различна, но патиштата се исти…особено кога станува збор за шверцот на наркотици преку Албанија кон Европа, пишува „Индепендент“, наведувајќи дека албанската нарко-мафија е во врвот на светскиот бизнис со наркотици.
Британскиот весник потсеќа дека албанските власти пред неколку години почнаа агресивна акција со надеж дека уништувањето на полињата со канабис и апсењето на одгледувачите ќе го намалат криумчарењето на дрога и ќе и помогнат на земјата да се приближи кон ЕУ. Сепак, весникот предочува дека дилерите успешно се прилагодиле на ситуацијата почнувајќи, наместо со канабис, да тргуваат со кокаин и хероин.
„Индепендент“, во својот опширен текст насловен како „Европската Колумбија – Како малата Албанија стана седиште на криумчарење на дрога на континентот“, наведува дека трговците сега за ја користат мрежата што ја користеле за канабисот. Тие го дистрибуираат кокаинот од Латинска Америка и хероинот од централна Азија преку Италија и останатите делови од Европа.
„Јадранското море е вистински автопат за шверц“, рече во едно свое излагање Џемал Ѓукши, опозициски пратеник во албанскиот парламент и поранешен армиски офицер.
„Софистицираните криминални групи се толку моќни што имаат мрежи низ целиот свет“, вели Алфонц Ракај, аналитичар од Тирана и добар познавач на состојбите на западниот Балкан.
Еден припадник на крајбрежната стража, кој инсистирал на анонимност, изјавил дека полициските акции стануваат сè поризични бидејќи шверцерите најчесто се вооружени со автоматско оружје.
Соговорниците на весникот посочиле на фактот дека Албанија тешко веројатно би почнала отворена војна против трговијата со наркотици со цел членство во ЕУ, бидејќи, како што се наведува, земјата би изгубила многу пари. Индепендент пренесува дека за неколку години Албанија стана главно седиште трговија со наркотици во Европа. Во текстот се анализира дека иако државата на хартија се води како е една од најсиромашните економии на континентот, со руиниран банкарски сектор што се потпира само на кредити, состојбата на теренот е сосема поразлична. Градежен бум со атрактивни градби и грандиозни трговски центри.
Иако властите во Тирана отфрлаат инволвираност на системот во криминални активности, соговорниците за британскиот весник се согласни дека таквата слика во дежавата е индикатор дека во системот на шверц би можело да се вмешани и политички елити од земјата.
„Имате луѓе на 20 години, со луксузни автомобили. Не е тешко да се процени дека тие луѓе немаат никаква позадина, ниту образование за да имаат таков луксуз во рацете…“, вели аналитичарот, Ракај.
По се изгледа дека намамувањето во бизнисот со дрога се чини неодоливо за младите луѓе со малку можности во земјата со БДП по глава на жител што е приближно иста како и Куба.
„Мислам дека Албанците што влегуваат во криминалот дрога е многу често за брзо збогатување. Државата нуди многу малку за достоинствен живот, дури и ако сте трудољубив. Ова е еден вид на кратенка за навистина да се пробие од сиромаштија“, додава аналитичарот Ракај.