ДУИ ќе го одржи четвртиот Конгрес
Партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) денеска ќе го одржи својот четврти изборен партиски конгрес, на кој ќе биде избран нов претседател, како и Конгрес на постојаноста составен од една третина од делегатите кои ќе бидат постајани делегати, Партиска изборна комисија и Национален совет, соопштуваат од партијата.
Конгресот денеска ќе се одржи во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, а од партијата велат дека исто така на него ќе се усвојат и статутарни промени со сите нови органи, вклучително секретатр за еднакви можности и пет резолуции како програмски приоритети: консензуална интеграција, ветинг, квалитет на живот, развој и работни места и програма за младите.