Дритан Абазовиќ: Политиките на конфликти да ги замениме со соработка и пријателство

Ние мораме да го менуваме регионот. Брисел, колку и да го критикуваме за евроинтеграциите, за една работа е во право. Тоа е дека отворените прашања на земјите од регионот не смеат да влезат во Европската Унија, рече во своето обраќање на Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
– Затоа сигурен сум дека лидерите од регионот може да седнеме и секое прашање отворено да го решиме и овој дел на светот може направиме да припадне на европската заедница. Затоа мораме да го смениме размислувњето овде, а тоа е токму преку „Отворен Балкан“ да праќаме оптимистички пораки за соработка, изјави Абазовиќ.
Политиките на конфликти, подвлече тој, треба да ги замениме со соработка и пријателство.
Економската, туристичката, енергетската и инфраструктурните соработки ни се единствен правилен пат како може да се докажеме и пред своите граѓани и пред Брисел и Вашингтон, изјави црногорскиот премиер.