Дритан Абазовиќ ги откри плановите за Црна Гора
Носителот на списокот „Црно на бело“ и лидер на граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, изјави дека нема да му пречи носителот на листата на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ да биде мандатар за состав на новата црногорска влада.
Абазовиќ, како гостин во РТЦГ, по тој повод рече дека нема договор, но дека тоа е негова лична позиција.
– Во петок го имаме Главниот одбор на партијата, така што ќе донесеме некои важни одлуки таму, но јас го прифаќам професорот Кривокапиќ за нов премиер – истакна Абазовиќ.
Вкупен број на гласови: 15
Да: 87% (13)
Не: 13% (2)
Абазовиќ рече дека преговорите за назначување кандидат за нов претседател на Собранието ги надминуваат неговите очекувања и изрази надеж дека кандидатот ќе биде познат до 23 септември.
Абазовиќ изјави дека Кривокапиќ е позитивна личност која се појави во изборната кампања.
– Сакам да видам човек со слични квалитети, интелектуален и морален на чело на сите институции. Не знам дали е реално – рече Абазовиќ и додаде дека не би било фер да се има нешто против таквиот концепт.
На прашањето дали е можно тој да биде вицепремиер, Абазовиќ посочи дека својата улога повеќе ја гледа во парламентот.
Ако тоа е дел од компромисот, „можам да ротирам и да не бидам во парламентот“, додаде тој.