Додик со барање до Вучиќ: Србија да поддржи разидување на Република Српска со Босна и Херцеговина
„БиХ е измислена приказна и земја која нема среќа, и треба мирна разделба. Но, има некои изјави од Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) дека доколку се прогласи отцепување, во следниот час ќе има војна. Ние не се отцепуваме од БиХ, БиХ ја создадовме со федерацијата БиХ, а нашиот процес не е отцепување, но имаме план да воспоставиме, ако е можно, заемно коректен систем на односи за да се оградиме од ФБиХ. Примарниот однос на Република Српска не е со БиХ, туку со ФБиХ“, вели претседателот на Република Српска
Босна и Херцеговина не постои без Република Српска и тоа мора да се почитува. Но, од друга страна, мора да ја расчистиме оваа состојба и да ја отфрлиме резолуцијата за Сребреница.
Ова го изјави претседателот на Република Српска, Мирилад Додик, за сараевската телевизија Фејс, при што посочи дека ќе побара од Србија да ја разбере Република Српска дека мора да оди по патот на разидување со Босна и Херцеговина.
Според него, содржината на резолуцијата за Сребреница е политички мотивирана.Да се биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ“,
изјави Додик.
Докик најавил и дека ќе му предложи на српскиот претседател Александар Вучиќ, Република Србија и Република Српска заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Собранието на српскиот народ, што би се случило веднаш по гласањето на резолуцијата.
Додик рече дека по резолуцијата за Сребреница ништо нема да биде исто, како и дека во БиХ нема начин за заеднички живот и затоа е потребна мирна разделба.
„Што друго ни останува кога ги клеветат Република Српска и српскиот народ? Треба да се разидеме и никој не може да ја спречи таа приказна. Но, тоа ќе се случи кога ќе се создадат околности за тоа“,
рече тој.
Додик истакна дека Бошњаците се најдобри во уништувањето на приказната за Дејтонскиот мировен договор и дека ниту еден збор не може да се слушне од ниту еден политичар за каков било конфликт од Република Српска.
Според него, потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор се слави во Република Српска.
„Наративот што се создаде во Сараево дека не го почитуваме Дејтон е извртен. Тој не е почитуван од бошњачката политичка структура“,
вели Додик.
Претседателот на Република Српска, Додик, изјави дека Босна и Херцеговина е земја која нема среќа и дека таа за него е измислена приказна и моментално е во најтешката ситуација досега.
„БиХ е измислена приказна и земја која нема среќа, и треба мирна разделба. Но, има некои изјави од Федерацијата Босна и Херцеговина дека доколку се прогласи отцепување, во следниот час ќе има војна. Ние не се отцепуваме од БиХ, БиХ ја создадовме со ФБиХ, а нашиот процес не е отцепување, но имаме план да воспоставиме, ако е можно, взаемно коректен систем на односи за да се оградиме од ФБиХ. Примарниот однос на Република Српска не е со БиХ, туку со ФБиХ“,
вели тој.
Резолуцијата за Сребреница само би ги продлабочила поделбите, смета шефот на српската дипломатија Дачиќ
Додик рече дека демаркацијата е неопходна.
„Триесет години се обидуваме да создадеме можност за заеднички живот и тоа не функционира. Дајте ни шанса да се разликуваме. Не ги мразам муслиманите, но не сакам да живеам со политичка структура која му наметнува етикета на мојот народ“,
изјави Додик.
Владата на Република Српска, како што и најави тој, ќе биде во Сребреница на денот кога Генералното собрание на ОН ќе гласа за резолуцијата.
„Подготвен сум на Бошњаците за 10 години да им дадам две милијарди за да решат дел од своите проблеми. Да го предадеме Поточари вонтериторијално на Федерацијата“,
рече Додик.
Одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН, текстот се испраќа на ревизија
Гласањето за резолуцијата за Сребреница, со што 11 јули треба да се прогласи за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, нема да се одржи на 2 мај. Причина за одложувањето е тоа што текстот на нацрт-документот се испраќа на ревизија.
Северна Македонија, како што соопшти неодамна министерот за надворешни работи Бујар Османи, е една од 17. држави кои ја коспонзорираат резолуцијата на Обединетите нации.