ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Додик е во болница поради компликации со корона

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, бил пренесен во болница во Бања Лука поради здравствени проблеми откако пет дена поминал во изолација поради можна инфекција со коронавирус, е потврдено од клиниката.

Во краткото соопштение се вели дека Додик бил хоспитализиран во неделата вечерта „поради гадење и стомачни тегоби“ и бил во стабилна состојба.

Исто така, се наведува дека во тек е детална дијагностичка обработка.

Некои локални медиуми претходно објавиле дека Додик наводно има билатерална пневмонија, но Клиничкиот центар не ги потврдил овие тврдења.

Додик бил во домашна изолација откако било утврдено дека бил во контакт со личност , позитивна на коронавирус. Овој факт е потврден веднаш по средбата на Додик со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Сараево во понеделникот и вторникот, кој бил во официјална посета на БиХ.

Не е разјаснето дали заразеното лице со кое контактирал Додик е од него или од придружбата на рускиот министер за надворешни работи.

Посетата на Лавров на БиХ беше обележана со скандал поврзан со фактот дека Додик му дал на Лавров икона од Украина, за која не е јасно како пристигнала во БиХ.

Русија одлучила да му ја врати контроверзната икона на Додик, а тој веќе седум дена не го коментира скандалот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.