ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Длабоки јазови во ЕУ „за пусти пари“

Судирот помеѓу штедливите земји плаќачи и незаситните земји примачи во ЕУ не е само поради парите, туку е многу подлабок. Решение на повидок засега нема, смета Бернд Ригерт.

Не беше изненадување тоа што 27-те шефови на држави или влади на ЕУ на вонредниот самит не успеаја да постигнат договор околу рамките на буџетот за наредните седум години. Јазовите се предлабоки. Позициите се премногу зацврстени. Земјите плаќачи сакаат да дадат 1000 милијарди евра, земјите примачи бараат до 1300 милијарди евра.

Но, проблем не се само парите, туку многу повеќе – структурата. Врз основа на планираните издатоци за наредните седум години може да се согледа како ЕУ си ја претставува иднината. Новата Европска Комисија сака со „Зелен договор“ да постигне поголема заштита на климата и животната средина, Покрај тоа, европските политчари во своите говори набројуваат уште цела низа предизвици за Унијата: заштита на границите, миграции, истражувања, дигитализација и заедничка одбрана на пример. Ако се мери според сето ова, предлог буџетот кој на вонредниот самит безуспешно се вртеше од една на друга страна нема да може да ги задоволи потребите. Се’ уште две третини од финансиските средства треба да одат за земјоделството и поттикот на сиромашните региони, таканаречената кохезија.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.