Директорот на Црногорската управа за приходи и царина поднесе оставка по истрагата за шверц со цигари
Директорот на Управата за приходи и царина (УПК), Раде Милошевиќ, денеска поднесе оставка од таа функција, објавија подгоричките медиуми.
Тоа го направи по разговорот со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Некои медиуми јавуваат дека разговорот бил многу бурен и на работ на физичка пресметка.
Милошевиќ е функционер на Граѓанското движење УРА на премиерот Абазовиќ.
Милошевиќ беше сослушан во саботата вечерта, како дел од истрагата за шверц на цигари.
Милошевиќ пред два дена изјави дека не е ниту уапсен, ниту приведен, туку дека како граѓанин се одзвал на повикот на полицијата и на надлежните органи ја дал документацијата што била побарана да ја разгледаат во врска со исчезнувањето на камион полн со цигари кои требало да бидат запалени.
Неговото „апсење“ претходно го поздравија премиерот Абазовиќ и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ.
Во меѓувреме, вчера Абазовиќ изјави дека разговарал со Милошевиќ и дека ја слушнал неговата верзија.
„БИ БИЛ НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДЕН ДОКОЛКУ ТОЈ ЛИЧНО НАПРАВИЛ ВАКОВ ПРОПУСТ. СЕКОЈДНЕВНО ПОТПИШУВАМЕ РАЗЛИЧНИ РЕШЕНИЈА, А АКО ИМА НЕШТО ДРУГО НЕКА ИСТРАЖАТ НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ“, РЕЧЕ АБАЗОВИЌ.
Во рамки на истрагата, приведен е и првиот човек на Комисијата за приходи и Царинска управа (УПК) за уништување цигари, Елвир Адровиќ.
Управата за приходи и царина го организираше палењето на 17 август, кога УПЦ соопшти дека во печките на фабриката „Јаворак МБ“ во Никшиќ ќе бидат уништени 1.000 кутии цигари запленети во слободната зона Порт Бар.
Последното горење беше во четвртокот во Железара, кога Милошевиќ најави дека ќе биде уништена стока со пазарна вредност од три милиони евра, а набавна вредност од близу еден милион. На тоа уништување беа присутни и премиерот Дритан Абазовиќ и министерот без ресор Зоран Миљаниќ.