ДИРЕКТОРИТЕ НА ЈЗУ СИ ГИ СПАСУВААТ ФОТЕЛЈИТЕ Независна истрага е можна само со оставки и на Груби и на Заев
Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко Филипче, е писмо за спас на нивните директорски фотелји во ситуација кога и Филипче, и Артан Груби, и Зоран Заев треба да си дадат оставки, реагира ВМРО-ДПМНЕ
– Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев се уште не се изјаснил дали да ја прифати. Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност. Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат протестот на граѓаните од Тетово праќа порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа.
– До нејзе ќе се дојде само преку неутрална истрага која ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат на истата – велат од партијата.