ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Димовски зад затворени врати реферира во владата за Онишченко

За случајот Онишченко директорот на АНБ Димовски, освен во Владата ќе треба да го продолжи отчетот и во собраниската комисија за надзор над безбедносните служби. 

Иако беше најавено за вчера, директорот на АНБ Виктор Димовски денеска на затворена владина седница ќе информира за деталите како е обезбедено позитивното мислење за да му се издаде македонско државјанство на контроверзниот украинец Олександр Онишченко. Премиреот Димитар Ковачевски повтори дека детали од оваа седница нема да бидат соопштени во јавноста поради клафицираните информации кои ќе бидат споделени.

Ковачевски не одговори и дали на средбата со помошник генералниот секретар на НАТО за безбедност и контраразузнавање Дејвид Катлер, кој е во посета на земјава, било разговарано за случајот „Онишченко“.

За давањето државјанство на Онишченко од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од директорот на АНБ Димовски, но и од министерот за внатрешни работи Спасовски. Потпретседателот на партијата Александар Николоски обвини дека АНБ била претворена во партиско приватна институција. Во Агенцијата вели недостига внатрешна контрола и тестирање на полиграф на вработените во службата.

За случајот Онишченко директорот на АНБ Димовски, освен во Владата ќе треба да го продолжи отчетот и во собраниската комисија за надзор над безбедносните служби. Но оваа седница ќе биде закажаана откако ќе заврши истрагата за протекувањето на снимка од тонот на Јутуб, рече собранискиот спикер Џафери на брифинг со новинарите.

Џафери кажа дека засега не може ништо да каже бидејќи треба да се утврди дали има упад од надвор, дали е прислушувано или не е или е настаната некаква грешка.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.