Димитров на средба со Чавушоглу во Анкара
Министерот Никола Димитров од денеска до 18 јануари престојува во работна посета на Турција.
Зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на мислења за повеќе актуелни регионални прашања, се темите на кои ќе се осврнат шефовите на дипломатиите на Македонија и Турција, Никола Димитров и Мевљут Чавушоглу на средбата во Анкара.
Димитров од денеска до 18 јануари престојува во работна посета на Турција, а се очекува тој и неговиот турски колега да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу двете министерствата за надворешни работи во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.
Димитров, како што соопшти МНР, е предвидено да има средби и со други високи турски функционери, меѓу кои министерот за одбрана Хулуси Акар и со претставници на турскиот Парламент.