ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Деновиве ќе пристигнат четворица германски експерти за да помогнат во истрагата околу пожарот

Германските експерти кои треба да се вклучат во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово треба да пристигнат деновиве, информираше денес портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Во меѓувреме се очекуваат резултатите од наредените вештачења и распитот на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот.

Откако пред неколку дена Клиничката болница во Тетово ја посетија претставници на Германската амбасада, деновиве се очекува да пристигнат четворицата експерти од Федералната криминалистичка полицијата на Германија кои треба да се вклучат во истрагата и да помогнат за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница. Во меѓувреме Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан, кога 14 лица го загубија животот во пожар.

Седуммина од спасените пациенти со ковид 19 во пожарот, по продолженото лекување на одделенијата во интернистичкиот блок сега се пуштени дома, додека другите се уште имаат потреба од хоспитализација.

Од Клиничката болница велат дека ковид центрите имаат доволен број медицински лица за здравствена грижа на пациентите. Во изминатите 24 часа имало 81 амбуланстки преглед, 3 нови приеми и 6 исписи, со што вкупно хоспитализирани се 40 лица, додека починала една пациентка на 58-години, која не била вакцинирана.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.