ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Две години од несреќата кај Ласкарци

Денеска навршуваат две години од кога автобусот на превозникот „Дурмо турс“, кој возеше на редовната линија од Скопје кон Гостивар, во попладневните часови излета од патот.

Во несреќата загинаа 16 патници, а 37 беа тешко повредени.

Две години од тогаш, судскиот процес кој се води пред Основниот кривичен суд во Скопје сè уште се наоѓа во доказна постапка, а очекувањата се дека наредниот месец тој ќе влезе во завршна фаза.

Во случајот обвинети се шест лица: сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, како и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите за соучество во истото дело.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.