ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Двајца повредени во експлозија на рачна граната на северот на Косово

Две лица се повредени во експлозија на рачна бомба доцна во понеделникот во Северна Митровица.

Заменик-директорот на полицијата за северен регион, Ветон Елшани за Радио Слободна Европа потврди дека еден од повредените е во тешка здравствена состојба и се наоѓа на лекување во болница во Северна Митровица. Сепак, според него, неговиот живот е надвор од животна опасност.

Во меѓувреме, уште едно лице е полесно повредено.Немаме причина да веруваме дека овој случај е поврзан со етнички прашања“, рече Елшани.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 15 јануари во 23 часот и 50 минути, кога три лица од српска националност, од кои двајца се повредени, излегувале од кафеана во Северна Митровица кога им се приближил автомобил од кој некој фрлил рачна граната врз нив.

Во експлозијата биле оштетени и седум автомобили во близината, а безбедносните власти велат дека работат на расветлување на овој случај.

Во Северна Митровица, општина населена претежно со Срби, и порано имало инциденти со експлозивни направи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.